
Сериозен случај на вознемирување на малолетно девојче е пријавен во Делчево. Според пријавата, 15-годишник од градот несоодветно ја допирал 11-годишната ќерка на 31-годишна жена од делчевско, без нејзина согласност, а потоа со закани ја принудил да се фотографира и да му испрати фотографии со експлицитна содржина.
Мајката го пријавила случајот на 12 ноември во 12:45 часот во ОВР Делчево.