Можностите за унапредување на социјалните и здравствените услуги, како и создавањето поквалитетни, поефикасни и подостапни услуги за граѓаните е целта на меѓународната конференција „Социјални и здравствени услуги – предизвици и можности“ која се одржува во Прилеп. Австрија, Црна Гора, Албанија, Србија и Македонија споделуваат искуства од овој сектор, но и ги поставуваат иднинте насоки како да се подобрат овие дејности.