Нов бран дојави за бомби го наруши авиосообраќајот низ Европа. Најмалку дваесет и пет патнички авиони биле цел на безбедносни закани, поради што дел од летовите биле пренасочени, а други добиле воена придружба. Инциденти биле пријавени во Франција, Бугарија, Италија, Белгија, Чешка и други европски земји. Досегашните проверки не откриле експлозивни направи, а надлежните истражуваат кој стои зад дојавите.