Гужви, турканици, нервози и расправии. Вака денеска беше сликата пред главната филијала на Алта банка во Битола каде се одвиваше шалтерска платежна исплата на клиентите кои немаат картички за на банкомат. На коминтентите на банката им се исплаќаше по 20.000 денари, а наредни пари повторно ќе може да извадат по 2 недели, и тоа повторно само 20.000 денари. Денеска пари можеа да подигнат граѓаните кои добиле порака на телефон од банката.
„Внатре нема гужва, се оди нормално со контрола на лична карта по пораката и те пуштаат на шалтер.
Кога ви стигна пораката вас?