
Дваесетина волонтери на Општинската организација на Црвен крст од Крива Паланка во соработка со Отсекот за превенција при Полициската станица од општа надлежност Крива Паланка денеска во центарот на градот делеа флаширана вода и флаери со совети за заштита од топлотниот бран.