Наместо да менува светилки во општинските канцеларии, хаусмајсторот Кочо Стојчевски повеќе од 2 месеци изигрувал инспектор во општина Центар. Според документите до кои дојде Сител, Стојчевски на позицијата прв инспектор од Жерновски бил назначен со решение потпишано на ден пред нова Година односно на 30 декември лани. Но тоа за Стојчевски не било проблем тој уште од октомври минатата година, да изигрува инспектор. Ова е официјален документ од Државниот управен инспекторат.