Спроведувањето на одредбите од политичкиот договор за надминување на кризата во предвидениот рок е еден од предусловите во октомври Македонија да добие позитивен извештај за напредок од Европската комисија.
Ова го порача Алојз Петерле копретседавач со Бирото на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија-ЕУ, по средбата со пратеникот Кенан Хасипи.
Тој потенцираше дека Унијата очекува македонските политичари во следните месеци да почнат да работата заедно за доброто на државата, бидејќи во спротивно ќе бидат казнети од страна на граѓаните.