
Автомобил Мерцедес со американски регистерски таблички излетал од коловозот на автопатот Скопје-Велес.
Од полицијата информираат дека несреќата се случила пред наплатната рампа кај Петровец, кога возачот од засега непознати причини изгубил контрола над автомобилот, излетал од коловозот и завршил на спротивната лента.