Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе кој е актуелен европски шампион на ридски патеки, оствари нова победа во Европскиот куп.
Популарниот Иџе, е победник на трката во Гладзбах, Германија.
До највисокото место на пиедесталот Иџе стигна во време на нов рекорд на патеката, кој сега изнесува 2:35,466 минути, притоа оставајќи го зад себе второ пласираниот Јиржи Лос од Чешка за дури десет секунди.
На третата позиција се пласираше уште еден чешки автомобилист, Мартин Херман.