
Во рамки на манифестацијата „Крушево етноград“ денеска напладне ќе биде отворна изложба на филигран од срма на Флора Педрони.
Во 18 часот во „Влашката соба“ премиерно ќе биде прикажан филмот „Животот на Исус Христос“ синхронизиран на влашки јазик, а од 20 часот на плоштадот во Крушево концерт ќе одржи етногрупата „Љубојна“.