
Македонија беше домаќин на информативно патување за претставници на магазинот „Motociclismo” едно од најстарите списанија за мотоциклизам во светот кое одбележа 100 годишен јубилеј со патување низ нашата земја.
Директорот на магазинот „Motociclismo”, Федерико Аливерти ја предводеше групата од дванаесет моторџии кои сметаат дека Македонија е погодна и атрактивна дестинација за мото- туризмот.