Колку помала фирма, толку помала казна. Собранието ги изгласа законите со кои се исполнува уште едно ветување од предизборниот период.
Казните ќе се намалуваат според три критериуми. Вкупниот приход од минатата година, вкупниот број на вработени и претходното поведние на фирмата.
Фирмите се поделени на наколку групи. Најмали казни ќе има за тие со максимум до девет вработени и годишен прход од 500.000 денари. Пропишаните глоби во целост ќе ги плаќаат големите компании со над 250 вработени и над 100 милиони денари приход.