MENI

Драстично зголемена продажбата на клима уреди и вентилатори

Скокот на доларот ја поскапе белата техника. За четири месеци цените зголемени за 20 отсто и тоа во сите сегменти.

Менаџерите во салоните велат дека има најави и  за понатамошно поскапување на производите, особено на телевизорите. Тие постојано  прават калкулации за да им се излезе во пресрет на купувачите.

Но високите температури пак поважни од цените.  Во споредба со лани , драстично е зголемена продажбата на клима уреди. Топлото време ја зголеми и побарувачката на вентилатори и фрижидери.

Pages