
Осумнаесетгодишната Вања Ј. од Хрватска загинала вчера вечер откако паднала од надвозник во Ниш.
Според првичните информации девојката била совозач на мотор кој го управувал нејзиниот познаник Н.Т. (27).
Нејзиното тело е пронајдено на патот под надвозникот и е префрлено на Институтот за судска медицина поради обдукција.