Приватните викендици и куќи покрај езеро ќе може да се легализираат. Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ побара измени во законот за бесправни објекти за да се зачуваат куќите во кои со генерации живеат покрај Охридското, Преспанското и Дојранското езеро. Старите познати фамилии од Канео, Пештани, Трпејца, Андон Дуков, Калишта и Радожда ќе можат да добијат документ за легална градба.