MENI

Најголема заплена на хероин во Романија

Романската полиција уапси четири лица и заплени 320 килограми хероин чија улична вредност е проценета на 40 милиони евра, што е најголема заплена на наркотици во земјата, соопштија романските власти.

Осомничените, двајца Романци и двајца Турци, се уапсени додека се обидувале од Романија да преминат во Унгарија, со два камиона во чии резервоари биле скриени пакетчиња хероин.

Pages