
Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта кон петок ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринската температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а дневната од 35 до 42 степени.