
Во последниве 24 часа турските власти пресретнаа и приведоа над 1.200 илегални имигранти по потекло од Сирија, јави БТА.
Како што соопшти Генералштабот на турската Армија, во реонот на границата меѓу Турција и Сирија биле приведени околу 600 лица, кои се обиделе илегално да преминат на турска територија.