Силна детонација се слушнала синоќа околу половина час после полноќ во близина на зградата на СВР Скопје во скопски Аеродром.
Според информации, непознато лице активирало експлозивна направа на паркинг просторот во близина на Секторот за внатрешни работи, а од детонацијата оштетени биле повеќе возила.