
Новиот објект на Турскиот театар-Скопје, кој се гради во близина на Железничката станица, до крајот на годинава треба да има завршена карабина. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска ја посети локацијата каде што ГП „Бетон“ денеска ја постави првата темелна плоча на зградата во која ќе биде сместен театарот, на површина од 2.600 метри квадратни.