
Најмалку 16 лица загинаа, а 30 други се повредени кога голем камион се „втурнал“ меѓу учесниците на една верска процесија во мексиканската сојузна држава Закатекас.
Тешкиот инцидент се случил на главната улица во градот Мазапил, североисточно од главниот град Мексико Сити, за време на процесијата во која имало најмалку 200 луѓе.