
Отворено е детско игралиште во Градски ѕид, на плочникот помеѓу Агромеханика и Клубот на новинари. Ова комбинирано детско игралиште на 250 метри квадратни е наменето за деца на возраст од три до 11 години. Изработено е од дрвени елементи, а составено е од две куќарки, платформа, столбови за качување со јаже, двојни лулашки и лизгачи со различни висини.