Дојран повторно е како во старите времиња. Рекордното ниво на водата во езерото, новите плажи, големиот број други проекти со кои значително се збогати понудата како и засилената промотивна кампања го наполнија градот со туристи. Во последните неколку недели буквално се бара место повеќе како на плажите така и во сместувачките капацитети. Бројките на туристичкото биро покажуваат дека преку неделата во просек градот дневно го посетуваат по околу 10 000 туристи, а за време на викендите оваа бројка се зголемува за уште неколку илјади.