Македонскиот претставник во Лига Европа Работнички во третото коло од квалификациите вечерва (почеток 20 часот) на Националната Арена Филип Втори го пречекува турскиот тим Трабзон. Според реномето и настапите досега во еврокуповите гостите ја имаат улогата фаворит.