Додека некои бараат живот во големите градови далеку од селото и работата на поле за други најважна е семејната среќа и дом исполнет со хармонија и радост без разлика на местото каде тој ќе биде заснован. Таков е примерот со триесетгодишната Раимонда од албанскиот град Фуш Крује која веќе пет години живее во селото Самоилово во општина Ново Село. Таа од секогаш имала желба да живее во друга држава, но никогаш не помислила дека животниот пат ќе ја донесе во Македонија и тоа во мало село во кое основната дејност на месното население е земјоделието.