
По осуммесечни преговори Париз и Москва постигнале договор за сумата што Франција треба да и ја исплати на Русија како обештетување за неиспорачаните воени бродови Мистрал. Тоа го изјави висок руски претставник за западни медиуми.
- Преговорите завршија и се е решено - и роковите и сумата, изјави Владимир Кожин, советник на Путин за воена соработка и техника.