Трагично заврши патувањето на одмор за семејство од Србија. Во тешка сообраќајна несреќа која се случи утрово во близина на Гевгелија три лица загинаа а едно е тешко повредено.
Во несреќата животот го загубија брат и сестра на возарст од 18 и 10 години како и нивната 45 годишна мајка, додека таткото кој управувал со возилото со тешки телесни повреди е пренесен на Ургентниот центар во Скопје.