
Неколку лица се ранети во пукотници во туристичката улица во Барселона, „Ла Рамбла“, а полицијата трага по две вооружени лица.
Како што јавува „Ла Вангардија“, најмалку едно лице се здобило со „тешки повреди“.
Неофицијално, двете вооружени лица се во бегство, а до пукотниците дошло пред хотелот „Силкен“ околу 15.10 часот по локално време.