MENI

Повредениот свештеник барал да се лекува во Белград откако дознал дека му загина и сопругата и двете деца

Повредениот српски поп чие семејство вчера загина во тешката сообраќајка кај Гевгелија е транспортиран во Белград. Откако старешината на храмот Свети Сава дознал дека неговата сопруга и двете деца се мртви, лично побарал да биде вратен во неговата земја. Итно било испратено возило на Брза Помош од белградската  ВМА кое утринава го презеде Радивој Паниќ од Ургентниот центар во Скопје. На скопските клиники старешината бил примен со повеќе скршеници и фрактури, но тоа не било пречка за транспорт.

Pages