
Едно лице загина во сообраќајна несреќа која вечерва околу 20:15 часот се случила после наплатната рампа Желино на автопатот Тетово – Скопје.
Според информациите, возач управувајќи со својата „Опел Вектра“ со скопски регистарски ознаки излетал од патот и починал на лице место.