Женската младинска репрезентација на Македонија победнички го започна настапот на ЕП У-19 што се одржува во Валенсија. Во првиот меч младинките славеа против Литванија со 31:27 (полувреме 15:13) и ги освоија првите бодови во групата Б.