Камерон Ван дер Бург постави нов светски рекорд на 50 метри градно. Тој претпладнево во квалификациите во оваа дисциплина на Светското првенство во Казањ исплива резултат 26.62 секунди и за пет стотинки го подобри сопствениот светски рекорд поставен во Рим пред шест години.