MENI

Уште ноќта настраданото подрачје и домот на жртвите го посети премиерот Никола Груевски

Поројниот дожд и прекинатите телефонски врски биле предвесник на лошите вести за семејството од Шипковица кое синоќа остана без двете деца.

Доцна синоќа во својот дом го примија премиерот Груевски и му раскажаа за големата трагедија.

Тетовското село Шипковица претрпе најголеми штети во вчерашното невреме. Загинати, повредени, разрушени куќи. Цела ноќ се трагаше по исчезнатото 6 годипно девојче.

Премиерот и министрите рано изутрина присуствуваа на состанок на кризниот штаб во месната заедница. Ја ветија сета потребна помош и поддршка за справување со катастрофата.

Pages