
Во Србија денеска е Ден на жалост по повод одбележувањето на споменот од страдањата и прогонот на Србите во хрватската акција „Бура“.
Точно на пладне ќе се огласат камбаните на сите цркви во земјата и сирени со сигнал за прекин на опасност, со што ќе биде означено едноминутно молчење за жртвите во војните од 1991 до 1995 година.