Доењето е многу значајно за новите поколенија. Со завршувањето на деветмесечното породилно отсуство не значи дека треба да заврши и доењето. Ова се дел од пораките кои денеска на прес-конференција по повод Светската недела на доење ги упатија доктори од неколку здравствени установи.
Oсновното мото на Светската недела на доење, која се одбележува од 1 до 7 август, е „Доење и работа, да го направиме тоа реалност“.