Иста куќа еден проценител ја проценил на 80, друг на 60 илјади евра. За да се избегнат ваквите разлики Агенцијата за катастар на недвижности започна проект чија цел е да се дојде до реалната вредност на недвижностите.
Со комората на проценители склучи меморандум за соработка со кој проценките кои се прават по сите основи, не само за купопродажба, туку и за хипотеки, проценки на друштва и слично, ќе се депонираат во катастарот и ќе можат да се користат за натамошни процени.