
Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец синоќа изјави дека се уште е во игра неговата оставка поради скандалот со арбитражата со Хрватска околу граничната линија во Пиранскиот Залив, кој, како што рече, сериозно ја загрозил позицијата на Словенија.