Македонската одбојкарска репрезентација успеа по вторпат да ја победи Полска во рамките на Европската лига и со тоа го освои второто место во групата А и ќе ги очекува резултатите од дуелите Словенија - Грција за евентуалното учество на завршниот турнир.И на вториот дуел во Калиш Македонија се радуваше на триумф овојпат со 3:1 во сетови (15:25; 25:23; 25:19; 25:22).