
Танкер со нафта е запленет од страна на пирати во територијалните води на Малезија, јави ТАСС, повикувајќи се на изјави на претставници на малезиската Национална управа за поморство.
Според истите извори, танкерот бил нападнат од пиратите во близина на брегот на западната малезиска сојузна држава Селангор.