MENI

Ограбена аптека „Зегин“ во Скопје

Вкупно 19.400 денари украло синоќа непознато лице од аптеката „Зегин“ лоцирана на улицата „Московска“ во Скопје.

Како што соопшти МВР, кражбата се случила околу 20:30 часот откако разбојникот, со нож в рака, и се заканил на вработената, по што таа ја отворила фиоката, а тој ги одзел парите и избегал.

Pages