
Повеќе од 600 луѓе, од кои 500 пожарникари денеска беа мобилизирани во гаснењето на големиот шумски пожар во централна Португалија, пренесува Фена.
Службата за цивилна заштита соопшти дека огнот е ставен под контрола.
Два авиони, еден хеликоптер и 200 возила учествуваа во гаснењето на пожарот, кој од вчера попладне изби во Алваро.