Еднократна парична помош од по 30.000 денари државата ќе им исплати на семејствата погодени од синоќешното силно невреме во Тетовско, а специјална Комисија ќе ја проценува состојбата со оштетените имоти на терен, висината на штетата и помошта што ќе се исплати.
Одлуката ја донесе денеска Владата на седница посветена за состојбите во Тетовско, со учество на претставници од сите релевантни институции, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Црвениот крст,....