По вчерашните поројни дождови и поплави, во Прилеп ситуацијата е стабилизирана. Се чистат улиците и населбите од наноси, а комисиите за проценка на штетите веќе се на терен, соопшти денеска кризниот штаб на општина Прилеп.
Според Никола Димески, претседател на Штабот, Прилеп вчера беше зафатен од силно невреме со пороен дожд и до 40 литри во секунда за 30 минути, што направи проблеми и штети.