Најпрестижната културна манифестација фестивалот Охридско лето го слави 55тиот роденден.
За јубилејното издание Светската музичка атракција Howard Gospel од САД на Античкиот театар вечерва на пошироката публика ќе им приреди едно несекојдневно уметничко доживување концерт за паметење .
Американскиот „Howard Gospel“е првиот академски хор од ваков вид во светот. Основан е во 1968 година, и е составен од сегашни и поранешни студенти на Ховардскиот Универзитет, како љубители на хорската музика.