Mакедонски државјанин (48) е приведен во Србија под сомнение дека ја предизвикал вчерашната тешка сообраќајна несреќа. Српските медиуми објавија дека станува збор за Бајрам J. возач на автобус кој сообраќал на релација Гостивар-Виена.
Тој на автопатот Ниш-Белград, кај местото Велика Плана, од се уште неразјаснети причини со автобусот се забил во автомобил марка Тојота, која се движела пред него и која намерно ја намалила брзината за да избегне сообраќајка која се случила на автопатот меѓу две други возила.