Владата бара нови инвеститори за Џумајлија. Државното земјиште во Свети Николе е поделено на 4 целини при што досега се заинтересирани 30 домашни и странски компании. Избраниот инвеститор во првиот дел ќе треба да изгради краварска фарма додека останатите три парцели ќе бидат општонаменети за разни култури, а потенцијалниот инвеститор мора да изгради преработувачки капацитет. Минималната почетна цена на електронското јавно наддавање ќе се движи од 70 до 100 000 евра по целина.