MENI

Ќе се признае стажот на земјоделците кои биле осигурани со Законот од 1978 до 1988 година

Со измени на постоечкиот Закон за стаж, Владата ќе го решава проблемот на македонските земјоделци кои  имаат нерегулиран стаж за периодот од 1978 до 1988 година, иако уредно ги плаќале давачките кон државата.

Предложените измени на постоечкиот Закон, за десетина дена би требало да влезат во собраниска процедура, изјави денеска во Прилеп премиерот Никола Груевски. 

Pages