
Едно лице загина, а уште едно се бори за живот во свлечиште предизвикано од работи на пат.
Според информациите денеска околу 11:15 часот во близина на селото Бачиште при работи на пат дошло до свлечиште кое зафатило две лица. Тие итно биле префрлени во Медицинскиот центар во Кичево, каде едниот им подлегнал на повредите.