До крајот на септември ќе започне со работа новиот современ откупувачко- дистрибутивен центар “Ејпл Ленд” во Ресен, преку кој ќе се олесни пласманот на ресенските земјоделски производи, особено на преспанските јаболка. Освен олеснување на пласманот, оваа капитална странска инветсиција треба да обезбеди и бројни вработувања за локланото население од овој регион.