
Македонски извршни директори, менаџери и претставници на бизнис секторот, предводени од Македонија 2025, остварија работни посети во околу 15 канадски компании. Посетите беа организирани во насока на стекнување нови искуства и знаења, остварување нови контакти, како и можности за идна соработка.